Спорт

Рекетот со кој Ѓоковиќ го освои првиот трофеј на РГ продаден за преку 100.000 долари

Рекетот со кој Ѓоковиќ го освои првиот трофеј на РГ продаден за преку 100.000 долари

Извесна Аби Доерти заработи повеќе од 100.000 долари од продажбата на рекотот со кој Новак Ѓоковиќ ја освои својата прва титула на Ролан Гарос. Ѓоковиќ, во 2016 година, во финалето со 3:1 во сетови го победи Енди Мареј.

dobivaj vesti na viber

Аукцијата ја одржа СЦП, специјализирана за спортски сувенири.

Светските медиуми пишуваат дека, рекетот на Ѓоковиќ го привлече интересот на колекционери од целиот свет.

„Се изгледаше како да е во забавена снимка. Новак само го фрли рекетот во публиката и тој полета право кон нас. Си помислив „О боже“. Рекетот ме удри во рака и се одби надолу. Го згазнав и го зедов. Силно го зграпчив. Се обидов да дојдам до него подоцна, да го натерам да го потпише за мене, но не успеав“, изјави Доерти.

И покрај тоа, таа реши да го продаде рекетот.

„Тоа беше тешка одлука. Имав одлично парче спортски сувенир, но ми седеше во плакарот сите овие години“, објасни Доерти.

Макфакс

На почеток