Спорт

(Видео) Тандемот Дибала-Кристенсен за триумф на Рома над Сасуоло

(Видео) Тандемот Дибала-Кристенсен за триумф на Рома над Сасуоло

Foto/ EPA

dobivaj vesti na viber

Рома ја прекина лошата серија на „Мапеи“ стадионот во Реџо Емилија и по повеќе од пет години успеа да слави во дуелот со Сасусло. Последните четири натпреваро меѓу овое ривали на „Мапеи“ стадионот завршија нерешено. Вечерва Рома со пресврт, откако Сасуоло остана со играч помалку, славеше 2:1.

Сасуоло дојде до водство во 25.минута, кога Матеус Хенрике го искористи додавањето на Берарди.

Домаќините без поголеми проблеми ја чуваа предноста до 62.минута кога Романецот Болока доби директен црвен картон.

Рома максимално ја искористи предноста од играч повеќе. Пресвртот го режираа Дибала и Кристенсен. Данецот избори пенал кој го искористи Дибала во 76. минута, а потоа Аргентинецот му асистираше на Кристенсен кој го постави конечниот резултат во 82.минута.

Макфакс

На почеток