Македонија

Долг од 500 евра и за да му украдат автомобилот за да се киднапира Вања, можен мотив за убиството на Панче од Велес

Велешкиот фризер Панче Жежовски, имал долг од 500 евра, а истрагата тоа го гледа како можен мотив за убиството. Според информациите од истрагата, целта била да се одземе возилото „цитроен“, како и што било направено, па истото да се искористи за грабнување на сега убиената Вања Ѓорчевска.

„Мотивот за убиството на Панче – имале должничко-доверителски односи со еден од осомничените. Панче должел 500 евра на еден од осомничените и така е избран како жртва за да се земе колата и да се киднапира девојчето“, кажа обвинителот Гаврил Бубевски.

Убиството на Жежовски, според досегашните информации и тврдењата на обвинителот Гаврил Бубевски и министерот Оливер Спасовски, го извршил Љупчо Палески-Палчо.

СИТЕ ВЕСТИ ЗА ВАЊА – ТУКА

 

На почеток