Имало обид за грабнување деца во Карбинци објави градоначалникот: Влегле со возило во училишен двор, се обиделе да ги внесат


Обид за киднапирање деца имало во Општина Карбинци. Според информациите од градоначалникот Виктор Паунов, обидот бил во училишниот двор на „Страшо Пинџур“.
„Овој немил настан се случи по 9-30 часот, обид за грабнување на две деца, ученици. Спред првичните информации, грабнувачите се обиделе да ги внесат во возило кое дошло до почетокот на училишниот двор“, вели тој.
Возилото е снимено од безбедносните камери.
„Се работи на утврување на регистарската таблица. Иако било подалеку од камерите, фатено е“.
Се работи на расчистување на случајот.
„Родителите нека не бидат вознемирени, а апел до МВР да биде зголемена безбедноста во Општината“, кажа градоначалникот.
