Македонија

(Видео) Видевски, осомничен за убиството на Вања прашан: „Лесно ли беше да го совладате 14-годишното девојче?“

Велешанецот Боре Видевски, кој е осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и призна вина, е спроведен пред судија на претходна постапка. Тој во придружба на затворската полиција е донесен во Кривичен суд. Нему треба да му се продолжи 48-часовниот притвор кој му беше одреден завчера.

Засега не се знае кои дејства ги презел Видевски во случајот, но познато е дека признал вина. Ова на заедничка прес-конференција го посочија МВР и Обвинителството. Во двата дадени искази, пред полицијата и обвинител, Видевски ги повторил истите детали.

„Скопје1“ објави кој е Боре Видевски – тука.

На почеток