Македонија

СДСМ: Иако поддршката на граѓаните е многу поголема од онаа на опозицијата, СДСМ не мисли на предвремени избори

Нашата татковина веќе е дел од НАТО. Постигнат е историски успех и остварување на еден од клучните стратешки национални приоритети.

Оваа година се очекува и датум за преговори со Европската унија и реализирање на сите неопходни реформи.

Одговорна партија, одговорна власт, не би ја загрозила таа шанса, не би го загрозила датумот за преговори во Европската унија со предвремени избори и стопирање на реформите.

Иако поддршката на граѓаните е многу поголема од онаа на опозицијата, СДСМ не мисли на предвремени избори туку на интересите на граѓаните и интересите на државата. Тоа е државнички и одговорно.

Граѓаните, јавноста бараат резултати, во економијата, реформите, интеграциите.

СДСМ како одговорна и државотворна партија презема одговорност пред граѓаните и интересите на државата.

Република Северна Македонија ќе има кристално чисти, фер слободни и демократски претседателски избори на кои ќе победат граѓаните, ќе победи СДСМ.

Фер и слободни избори на кои ќе загуби ВМРО-ДПМНЕ. Деструкцијата и блокадите одново ќе бидат поразени.

На нашата татковина и е потребен вистински претседател на сите граѓани, којшто ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните и државата а не како досега само за партиските интереси.

Граѓаните на претстојните претседателски избори ќе изберат вистински претседател!

СДСМ е против одржување на предвремени парламентарни избори како што бараше опозицијата. Ова вечерва беше одлучено на седницата на Извршниот одбор на партијата која заврши предмалку. Оттаму соопштија дека предвремени парламентарни избори не се потребни бидејќи би се запреле реформите во клучен момент кога се чека датум за преговори со ЕУ и дополнија дека иако рејтинзите се повисоки од оние на опозицијата имале одговорност пред граѓаните и државата.

„СДСМ превзема одговорност пред граѓаните и интересите на државата. Граѓаните бараат резултати. Државотворна партија на која на прво место и се граѓаните и државата не мисли на предвремени праланетрани избори дури и кога рејтинзите се повисоки од оние на опозицијата. Дел сме од НАТО, очекуваме датум за преговори од ЕУ. Одговорна партија и одговорна власт не би ја загрозила шансата за датум за преговори со ЕУ со предвремени избори и запирање на реформите“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Оваа одлука ја најави премиерот и лидер на партијата, Зоран Заев, пред почетокот на Извршниот одбор кој кажа дека „не е добро време за избори“.

„Вечерва Извршниот одбор ќе дискутира. Направивме анализи и истражувања, разговаравме со меѓународните фактори и Општинските организации, Централниот одбор дебатираше и даде насоки уште пред нкеколку седмици, јас верувам дека ќе донесеме одлука, и штом ќе ја донесеме одлуката, официјално ќе ја соопштиме преку вас новинарите до граѓаните.Мнозинството како што го чувствувам јас, е за одговорноста пред се пред државата“, рече Заев.

Претседателот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ веднаш се огласи преку социјалната мрежа „Фејсбук“ обвинувајќи ги СДСМ дека бегаат од избори.

„Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема! СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех. Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи!“, напиша Мицкоски.

Премиерот Заев ја остави можноста за консензуален кандидат за претседателски избори отворенa, нагласувајќи дека тој ќе се залага за преговори со коалцисиките партнери и ДУИ.

„Ќе биде на мој предлог да влеземе во разговор со политичките субјекти во државата, не само коалиционите, туку вонпарламентарните партии, опозиционите партии, барем дел од нив да се обидеме преку заедничка анализа да изнајдеме кандидат којшто чувствуваме дека би бил поддржан од сите граѓани. Верувам дека имаме шанси да успееме, во најмала рака верувам дека нема ништо да изгубиме ако се обидеме“, рече Заев.

Ова беше потврдено по завршувањето на седницата на која Заев бил овластен да почне преговори со коалциските и владини партнери околу наоѓање на евентуално заедничко решени за кандидат со кој би се истрчало на претседатлеските избори кои ќе се одржат во април.

„Извршниот одбор го овласти претседателот на партијата да се консултира со коалициските партнери, парламнтарни и вонпарламентарни партии за да се дојде до консензуален претседател“, рече Костадинов.

СДСМ, како и опозициската ВМРО – ДПМНЕ, распиша јавен оглас за кандидати за претседател кои треба да се избрат на партискиот конгрес закажан за 3 март.

Оваа одлука наиде на жестока критика на ДУИ кои беа подготвени да поддржат евентуален консензуален кандидат, стои во соопштението на СДСМ.

На почеток