Македонија

СДСМ одлучи – нема предвремени парламентарни избори, ќе има само претседателски

Извршниот одбор на СДСМ одлучи да не се оди на предвремени парламентарни избори. „ Одговорна партија не мисли на предвремени парламентарни избори, дури и кога рејтингот и е повисок од оној на опозицијата.
„Одиме само на претседателски избори”, велат од СДСМ.

„СДСМ превзема одговорност пред граѓаните и интересите на државата. Граѓаните бараат резултати. Државотворна партија на која на прво место и се граѓаните и државата не мисли на предвремени праланетрани избори дури и кога рејтинзите се повисоки од оние на опозицијата. Дел сме од НАТО, очекуваме датум за преговори од ЕУ. Одговорна партија и одговорна власт не би ја загрозила шансата за датум за преговори со ЕУ со предвремени избори и запирање на реформите“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Инаку на седницата на Извршниот одбор, имало поделени мислења, но преовладал ставот дека не е време за предвремени парламентарни избори и дека Владата треба да се фокусира на реформите и на економијата.

На почеток