Македонија

Насилството не било ништо непознато за Љупчо Палески-Палчо – судска одлука сведочи дека се пресметувал и по дома со боксови

Насилството не било ништо непознато за Љупчо Палески-Палчо, кој сега е осомничен за организација и реализација на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова го покажува неговото кривично досие. Решението од скопска Апелација покажува дека судот констатирал дека тој извршил семејно насилство пред седум години. „Скопје1“ побара, но не дојде до пресуда со која Палчо бил осуден на било каква казна, туку добил само времени мерки забрана за закана кон лицето кое го трпело насилството.

„Воедно, со изрекување на привремените мерки ќе дојде и до елиминирање на причините за вршење на натамошно семејно насилство над предлагачката и ќе допринесе да живеат во похармонични односи“, посочува Апелација во решението по кое одлучувале бидејќи била поднесена жалба од Палчо и уште едно лице кое било тужено во Граѓански суд.

Палчо, според сведочењето во пресудата, подолго време го малтретирал членот на неговото семејство. Сведокот посочува и дека лично видел кога Палчо мавал боксови, плукал, навредувал. Во тој момент дошла и полиција, а членот на семејството бил однесен во болница со видливи хематоми.

Ова е единствена судска одлука против Палчо за насилство, но не и кога станува збор за пари. Тој должел, но и му должеле. Тужел, но и го тужеле. Има пресуди каде тој треба да врати илјадници евра, но и кога треба да му вратат илјадници евра. Предмет на спор биле и исплата на станови во Центар.

Палчо се наоѓа во екстрадиционен притвор во Турција. Македонија ќе бара негова екстрадиција. Во тек останува истрагата за двете убиства. Дел од осомничените признаа вина во МВР и Обвинителство.

На почеток