Македонија

Семејна драма во Тетово: преплашени деца од закани, претепана жена од сопруг

Ноќеска околу 1 часот, полициски службенци на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот тетовец С.А., кој претходно бил пријавен од неговата 34-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал, а се заканувал на нивните деца и неговиот татко, извести СВР Тетово.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На почеток