„Местенка е, навредите не можам да ги издржам“ – сопругата го брани Велибор Манев, кој призна што правел при убиството на Вања
Додека осомничениот Велибор Манев признаваше што правел при киднапирањето и убивањето на Вања Ѓорчевска, а Љупчо Палевски-Палчо го посочи како организатор и реализатор на убиството – неговата сопруга (чиј идентитет е познат на редакцијата) го бранеше на социјалните мрежи. Во неделата, кога се дозна идентитетот на осомничените, дојде и до лавина коментари. Навреди, поради осомничените, трпеа и семејствата. Тие се бранеле. Меѓу нив и сопругата на велешанецот Манев.
„Местенка е. А навредите не можам да ги издржам. Ви благодарам“, напишала сопругата на Манев до скопјанец кој претходно ѝ пишал, па одговорот го објави јавно.
По ова, таа го избриша профилот. Неофицијално, пораката ја пратила во понеделникот утрото. Односно, ден откако Манев пред полицијата и обвинителката призна што сторил, а го раскажа и целиот план кој го имале.
Манев вчера помина половина ден во Обвинителството. Во неговиот исказ ги посочил и останатите лица – кои, што, како правел пред и по киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска. Неговата сопруга не е единствената која го брани, наспроти неговото признание. Дека, не е „ни крив ни должен“, пишуваа и во групата „Правда за Палчо, правда за Вања, правда за Панче, правда за Македонија“.
„Наместо денешниот ден да си го прославиш со фамилијата, ти ни крив ни должен заврши во притвор. Среќен роденден Велибор, правдата може е забавена но не е заборавена“, напишал профил со име Ѓоре Ајтов.
Кој е Велибор Манев – можете да прочитате тука.