Македонија

Хрватски медиум тврди дека е избркан од училиштето на Вања, но и дека разговарал со наставничката

Хрватскиот „Јутарњи лист“ објави вест во која тврди дека  директорката на „Јохан Хајнрих Песталоци“, училиштето каде што учеше Вања, не им дозволила на нивните репортери да фотографираат и ги избркала од училиштето, иако медиумската екипа имала дозвола од градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски. Овие наводи остануваат непотврдени, Тие кажуваат дека од нив било побарано да ги избришат сите фотографии.

[ОБЈАВАТА ОД „ЈУТАРЊИ ЛИСТ“]

Фотографиите, како што вели порталот, ги избришале и пробале да ѝ објаснат дека во училиштето се дојдени по препорака на градоначалникот.

Новинарите успеале да поразговараат и со наставничката на Вања, која веднаш ја извести мајката за исчезнувањето.

„Тоа е само мој начин на работа. Едноставно, кога видов дека не е на час, се јавив да видам зошто ја нема“, накратко им рекла таа.

Нејзините очи биле полни со солзи.

„Ова училиште го посетуваат 863 ученици и е подарок од швајцарскиот народ за Македонија откако претходното училиште беше срушено на истото место во разорниот земјотрес на 12 јули 1963 година. Во знак на благодарност го носи името на Јохан Хајнрих. Песталоци, швајцарски педагог и образовен реформатор“, пишува „Јутарњи лист“.

На почеток