Судијката Алексовска Стојановска на трибина за интегритет и независност на правосудството
Протести на улиците со барања за одговорност на судијката Даниела Алексовска Стојановска, партиите се препукуваат кој ја избрал или е близок до неа. Алексовска Стојановска пресуди Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова да заврши во поправен дом наместо во затвор иако бил фатен со кокаин и марихуана за препродажба.
Таа денеска дојде на настан за реформи во правосудството.
Трибината на која беше и претседателот на Судски совет Камбовски, кој претходно ја разреши од комисија за реформи вл прзвосудството, беше со наслов „Патеки до интегритет и независност на правосудството“.
Во одбрана на судијката застана директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Ирина Трајкоска Стрезоски.
„За одговорност на судијата, мислам дека сега не би требало да станува збор, зошто судијата ја познавам лично, навистина е професионална, една од подобрите судии која работи согласно со законите“, рече Трајкоска Стрезоски.
ВМРО-ДПМНЕ бара Судски совет да ја разреши судијката што го ослободила возачот убиец, а ЈО да отвори истрага.
Од СДСМ обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ некрофилски етикетираат и ја манипулираат јавноста, а судијката е избрана од тефтерчињата на Јанкулоска.