Свет

Захарова: Ако Србија влезе во ЕУ, ќе мора да се бори за националниот идентитет

Захарова: Ако Србија влезе во ЕУ, ќе мора да се бори за националниот идентитет

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова рече дека Србија ќе мора да се бори за својот национален идентитет, доколку стане членка на Европската унија, бидејќи во ЕУ примаат исклучиво врз основа на генетски модифицирана национална свест.

dobivaj vesti na viber

Таа реагираше по повод интервјуто на српскиот вицепремиер, министер за одбрана и лидер на СНС, Милош Вучевиќ за весникот „Политика“, во кое тој меѓу другото изјави дека Србија „мора да стане полноправна членка на Европската унија, бидејќи тоа ќе донесе придобивки за нејзините граѓани“, но дека нема намера да воведува санкции кон Русија, како и дека ќе одржува „партнерски односи со Кина, како и со арапскиот свет, Индија, Африка и двете Америки“.

-Одличен говор. Единствениот проблем е што во ЕУ се примаат исклучиво врз основа на генетски модифицирана национална свест, напиша Захарова на Телеграм.

Како пример таа ги наведе Полска и Унгарија, кои како полноправни членки на Европската унија, како што кажа, „буквално се принудени да се борат за зачувување на својот национален идентитет“.

-Арбитражи, судови, дури и внатрешни санкции, а при тоа се членки на НАТО и постојано гласаат за незаконски антируски санкции. И не треба да ја изгубиме од вид западната расипаност: тие ветуваат многу, а кога ќе го добијат тоа што го сакаат, ништо не исполнуваат, рече Захарова.

To Top