Македонија

Меџити го прозва Обвинителството: Кажете име и презиме, ако некој се огрешил во „Онкологија“, нека ги сноси последиците

Нов повик од министерот за здравство, Фатмир Меџити до Обвинителството – кажете имиња и презимиња на лицата одговорни за Онкологија. Тој од Битола порача дека мора да се знае ако некој се огрешил пред законот. Повика да има одговорност.

„За тоа што се случи, скандалот со ‘Онкологија’, денеска пак ќе искористам прилика да го повикам Обвинителството јасно и гласно да изнесат име и презиме, за ако некој се огрешил пред законите на државата, да одговара и да ги сноси последиците“, кажа Меџити.

Потоа, тој посочи дека притисокот од пациенти врз Онкологија е голем.

„Преголем е товарот на Клиниката за онкологија, затоа од првиот ден како кабинет, се зафативме за работа и работевме макотрпно. Почнавме да дисперзираме. Со директорот на болницата ‘8 септември’ веќе разговаравме за да започнеме со таа конзервативна терапија, а тоа е малку сензитивна работа, не можеме брзо да започнеме. Размислуваме да отвориме во Штип и Битола (н.з.), за радиотерапијата да ја ставиме во функција“, додаде Меџити.

Истрагата за случајот „Онкологија“ трае со месеци. Досега, нема информации ниту дека има осомничени лица.

На почеток