(Видео) Овации, врескање, преполна сала: Снимки од концертот на Теа во Скопје, чија посетеност го налути Ламбе
Немаше празно место во салата „Јане Сандански“ каде вчера пееше Теа Таировиќ, турканици и овации доби српската ѕвезда. Ова предизвика и остри критики до македонската јавност. Во истата сала, пред десетина дена имаше настан на кој настапија дваесет врвни македонски музички ѕвезди – а имаше 2.000 луѓе. Посетеноста на концертот на Таировиќ е со околу 10.000 лица во публика.
View this post on Instagram
Снимките на социјалните мрежи сведочат за еуфоријата во салата. Токму овој концерт го налути и Ламбе Алабаковски кој искоментира дека во Македонија има леб само за Теа Таировиќ.
Ако се споредат концертите на македонските ѕвезди и Теа Таировиќ, има уште една забелешка. Влезот на концертот за нашите естрадни ликови беше слободен, а пак, влезот за кај Теа беше од 800 до 1500 денари по карта.
Бура од реакции има во јавноста.