Елката во Скопје ја држат да не падне, не можат да најдат иста на Али Експрес, а ја симболизира бедата


Елката во Скопје иако крива, но и недокитена – стана популарната во Македонија. Ги засени сите декорации направени во другите делови од Македонија, но и другите општини во Скопје. Никој не знае зошто не е целосно украсена, а ниту која е фирмата која ја поставува за што ќе треба да платат скопјани. За нејзината популарност зборуваат бројните коментари и фотографии со неа.
„Каков народ, таква елка на плоштад: сиромашен, ужасен, грд за гледање“, стои во коментар на „Х“.
каков народ, таква елка на плоштад:
сиромашен, ужасен, грд за гледање.
— Cosmic Glue🌠 (@JasnaMishevska) December 19, 2023
„Голем број на туристи од цел свет почнаа да пристигаат во Скопје за да се сликаат со кривата елка. Во хотелите се бара кревет повеќе“, стои во друг коментар, со сатирична фотографија.
Голем број на туристи од цел свет почнаа да пристигаат во Скопје за да се сликаат со кривата елка. Во хотелите се бара кревет повеќе pic.twitter.com/YrkiKvRoYQ
— 100Marki (@100deutschemark) December 18, 2023
„И да сакаш да си оптимист и да си позитивен и да ти е убаво, глејте бе скопје какво е? Родители мкнат деца по молови за да видат накитена елка“, се посочува во друг коментар.
и да сакаш да си оптимист и да си позитивен и да ти е убаво, глејте бе скопје какво е? Родители мкнат деца по молови за да видат накитена елка. pic.twitter.com/ufScVwk3c7
— Cosmic Glue🌠 (@JasnaMishevska) December 19, 2023
„Странските туристи почнале масовно да ги откажуваат новогодишните и божиќните аранжмани во Охрид и да ги презакажуваат хотелските резервации за Скопје, затоа што разбрале дека најпознатата светска туристичка атракција во овој момент се наоѓа на скопскиот плоштад – кривата елка“, пишуваат на „Х“.
странските туристи почнале масовно да ги откажуваат новогодишните и божиќните аранжмани во Охрид и да ги презакажуваат хотелските резервации за Скопје, затоа што разбрале дека најпознатата светска туристичка атракција во овој момент се наоѓа на скопскиот плоштад – кривата елка
— Густав Охридски (@Nopak_od_Varosh) December 19, 2023
„Елката ко државата – беда“, се вели во краток коментар.
„Кривата елка во Скопје“, пошува твитерџија.
Кривата елка во Скопје ❤ pic.twitter.com/GTjqJ9gX3g
— 100Marki (@100deutschemark) December 18, 2023
„Ваква Елка нема ни на Аљи Експрес“, пишува во сатиричен коментар.
Ваква Елка нема ни на Аљи Експрес 😁#БлеснаСкупјенце ✨️ pic.twitter.com/BdnTMhUShH
— ХаНа🦋 (@HaNa_Taurus666) December 18, 2023
