Македонија

Времето ќе биде претежно сончево, во Скопје појава на магла

Претпладне сончево и претежно тивко, попладне со мала до умерена облачност. По котлините ќе биде магливо и постудено. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот умерено облачно и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 7 степени.

Во четврток ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северозападен ветер. Во петок и сабота ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег.

На почеток