Македонија

Со ВМРО-ДПМНЕ нема членство во ЕУ, потврди и лично Мицкоски, велат од СДСМ

Христијан Мицкоски потврди дека ВМРО- ДПМНЕ сака целосна блокада на европскиот пат на државата, велат од СДСМ.

„Со ДПМНЕ нема членство во ЕУ, ниту за 100 години, потврди лично Мицкоски, пред целата македонска јавност. Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица е закана за европската иднина, која мора да биде поразена“, дополнуваат од СДСМ.

Според нив, изборите ќе бидат своевиден референдум за иднината на земјата.

„Изборот е јасен, напредок и членство во ЕУ со СДСМ, изолација и стагнација со ДПМНЕ. Граѓаните немаат нови години за губење во изолација, неизвесност и стагнација“, додаваат од партијата.

На почеток