Ковачевски и Мицкоски ќе седнат на маса, средбата ќе била нормална без медиуми и камери, вели премиерот
Средба помеѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, но не пред очите на јавноста. Ковачевски кажа дека тоа е нормално да биде зад затворени врати, а ќе се зборува за кандидатите за техничка Влада.
„Законска одредба е техничката влада, немојте да сметате дека нема комуникации меѓу сите партии. Ќе има средба откако ќе бидат утврдени кандидатите, ќе има нормален разговор“, вели Ковачевски.
Тој е уверен дека сите носители на листи од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои се шпекулира дека се Мицкоски, Владо Мисајловски, Драган Ковачки итн., ќе бидат поразени.
„СДСМ ќе има кандидати кои ќе ги победат сите кандадти кои ги набројавте“, додаде Ковачевски.
Од средината на јануари, Македонија ќе треба да добие техничка Влада со премиер Талат Џафери.