Македонија

(Видео) Си чепкаше во уста, шутираше, се смешкаше – на премиерот не му беше интересен говорот на Рустеми

Двајца министри, директорот на „Државни патишта“, Ејуп Рустеми и премиерот Димитар Ковачевски одржаа прес-конференција среде автопат, со цел да промовираат рехабилитирање на 12,7 километри пат. Уште на почетокот од прес-конференцијата Ковачевски укажа дека е ладно, а потоа, додека траеа говорите на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот Рустеми, премиерот Ковачевски застана зад нив, си ги чепкаше забите и се смешкаше со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Скопје1 / Skopje1 (@skopje1mk)

„Денеска сме тука заедно со премиерот и со министерот за транспорт и врски, за официјално да објавиме дека е официјално завршена делницата Битола-Меџитлија. Рехабилитиравме 12,7 километри пат, со средства обезбедни од ЕБОРД, во висина од 3,27 милиони евра. Ширината на делницата е променлива, се движи од 6 до 6,5 метри“, кажа Рустеми, додека Ковачевски се смешкаше и шепкаше во позадина.

Претходно, говореше и Ковачевски, а Рустеми внимателно слушаше.

„Само со посветеност, прецизни планови и стратегија може да се реализираат инфраструктурни проекти….“, кажа Ковачевски, посочувајќи дека патот нуди економски перспективи.

По говорот на Рустеми, Ковачевски одговараше на прашања.

На почеток