Апел од МВР, откако беа казнети 151 возач само во Скопје

Од
Објавено на

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (20.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење на мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.
