Скопје

Скопје доби нови камери кои ќе мерат брзина, но не се во функција

Нови камери низ Скопје се поставени, но се уште нема да се казнува со користење на снимките од нив. Од МВР за „Скопје1“ посочуваат дека преку нив ќе се мери брзината, а потоа, и ќе се казнува.

„Новите камери кои се поставуваат во Скопје се во рамките на проектот „Безбеден град” и откако ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци. Камерите се уште не се во функција. По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект соодветно ќе ја известиме јавноста“, велат од МВР.

Од попладнево, социјалните мрежи се преплавени со апел да се внимава на брзината на возење, поради новите уреди.

На почеток