Турски државни функционери за Ројтерс изјавија дека веруваат дека исчезнатиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во саудискиот конзулат во Истанбул. Претседател на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека лично го следи случајот со исчезнатиот новинар.
На британската агенција неименуван турски функционер ѝ кажа дека претставникот на Саудиска Арабија во Анкара бил повикан во министерството за надворешни работи на разговор по втор пат за една недела.
Од него било побарано турските дипломати да бидат целосно и постојано информирани за случајот.