Свет

Осомничениот за убиството на бугарската новинарка ќе биде ослободен

Романскиот државјанин кој беше задржан во притвор во рамки на истрагата за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова ќе биде пуштен на слобода, пренесуваат бугарските медиуми.

Тоа го изјави шефот на регионалната полиција во градот Русе, Теодор Атанасов, кој додал дека против осомничениот нема да биде подигнато обвинение.

„Нашата работа продолжува. Засега нема докази и околности кои можеме да ги објавиме. Романскиот државјанин ќе биде ослободен“, рекол Атанасов.

Бугарската полиција претходно соопшти дека го задржала на 24 часа романскиот државјанин со украинско потекло, и дека го проверува неговото алиби во врска со убиството на Маринова.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток