Македонија

За 1.000 евра до бугарски корени и разоткривање на скандал – Македонците алармираат дека вака е направен и фалсификуван попис

Припаѓа на бугарско малцинство во Албанија, вакви документи за бугарска националност биле издавани противзаконски од административни службеници во општина Острен во Албанија. Која се наоѓа во граничната област кон Македонија и е на десетина километри од Дебарско Езеро. Скандалот е објавен во синоќешното издание на емисија Фикс Фаре на Топ Ченел Албанија, емисија која разоткрива незаконски дејства со прикриено снимање.

Иако немале никако бугарско потекло, за 100.000 леки (околу 970 евра) новинарите купиле две такви потврди потпишани и заверени со печат од Љуан Мјештри, администратор на Острени, во областа Голо Брдо, општина Булќиза.

– Потврдите ги добивме со доставување фотокопии од потврди, на жител на Патос, со баба и дедо од административна единица Требиште, и втората за жител на Стеблево, со баба и дедо од Стеблево, општина Либражд. Потеклото на двете семејства немале никаква врска со административната единица Острени – наведува телевизијата.

Во прилогот се додава дека овие потврди се издаваат за сума од 90 или 100 илјади леки и се користат за добивање бугарски пасош. Уште повеќе е спорно што ниту еден закон не дозволува дека администратор може да издава „сертификати за етничка припадност“.

Македонската партија МАЕИ го поздрави откритието на Топ чанел за трговијата во Албанија со „бугарско потекло“

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, ја поздрави ангажираноста на новинарите на Фик фаре, на тиранската телевизија Топ чанел, за истражувачката сторија во која се потврдува како за пари се издава лажна потврда за бугарско потекло во административната единица Острени, област Голо Брдо. Пренесувајќи го партискиот став, Ендрит Фетаху потпретседател на партијата додава дека тоа е уште една потврда дека пописот на населението поминал со многу проблеми.

МД „Илинден“-Тирана: Откриениот скандал со лажните потврди за бугарско потекло во Голо Брдо, доказ повеќе за „проблематичниот попис“

Македонско друштво „Илинден“-Тирана ја поздравува ангажираноста на новинарите на емисијата Фикс фаре, на телевизија Топ чанел, за истражувачката сторија во која се потврдува како за пари се издава лажна потврда за бугарско потекло во административната единица Острени, областа Голо Брдо, стои во соопштението на друштвото.

-Голема благодарност до новинарите на оваа позната емисија, која до сега има откриено низа коруптивни афери. Тоа е уште една потврда за она што ние редовно предупредувавме, дека пописот во Република Албанија беше следен од многу проблеми и нерегуларности. Исто така ја поздравуваме и експресната акција на полицијата која ги приведе трите лица вмешани во овој скандал, се наведува понатаму.

Се потсетува дека пред и за времето на пописот, како друштво, постојано предупредувале за притисокот од страна на поединци и бугарските институции за да не се добијат точни податоци за етничката припадност на населението во овие предели.

-Таквите напори јасно и недвосмислено беа поддржани и од локални личности. Јавна тајна е дека, не само во најсиромашни области во државата, областите Голо Брдо, Мала Преспа и Гора, има најголема концентрацијата на Македонците, туку и по градовите, како Тирана, Драч, Елбасан, Либражд, Кукс, Корча и други се вршеше невиден притисок од поединци од Бугарија, но и високи политички личности од Бугарија, преку уцени, поткуп и слично се бараше Македонците да се попишат како Бугари, потсетува друштвото во соопштението.

На почеток