(Видео) Охрид блекса, прославите подготвени: Познато кој ќе настапува за дочекот, а ден потоа журка со Драган Мијалкоски


Охрид ги пречекува и првите туристи во пресрет на Новата година. Во градот има домашни и странски туристи. Кафулињата и рестораните веќе имаат подготвено понуди за дочекот. Журки во живо, забавен и фолк репертоар ќе има во главниот туристички центар.
Градоначалникот Кирил Пецаков, објави и видео од украсувањето на градот.
За забавниот дел на дочекот на Новата Година на градскиот плоштад во Охрид ќе се погрижат диџеите Јана Слеј и Багзи, Татијана Стефановска, групата DNK, Нино Величкоски и групата „Фортуна“. Почетокот е закажан за 21:00 часот.
На 1-ви јануари 2024 г. точно на пладне ќе настапат групата „Балкан џем“ и Драган Мијалкоски.
