Свет

(Видео) Објавена снимка од камера на специјалец, снимен масовниот убиец во Прага

(Видео) Објавена снимка од камера на специјалец кој го „лови“ масовниот убиец во Прага

Чешката полиција на денешната прес-конференција објави снимка од нивните специјалци како упаднале на Филозофскиот факултет во центарот на Прага за време на масакрот во кој студентот Давид Козак уби 14 луѓе, а потоа и себеси.

Снимката создадена од камера на униформа на специјалните сили покажува како полицајци упаднале во зградата на факултетот со пушки во рацете. На видеото се слушаат многу викања и гужва, а студентите и вработените во универзитетот им објаснуваат на полицајците каде ги слушнале истрелите. На видеото се гледа и упадот на полицијата во училниците, додека на самиот крај се гледаат студенти и вработени како со кренати раце во воздух се евакуираат од објектот.

Полицијата на прес-конференцијата соопшти дека масовниот убиец кога бил опколен од сите страни си пукал во глава и така си пресудил.

На почеток