Професор од Косовска Каменица пронајден мртов: отишол на фризер и исчезнал
Професорот на средното медицинско училиште во Ропотов кај Косовска Каменица Ивица Јовановиќ (54) е пронајден мртов нешто по 16 часот, потврди за Косово онлајн претседателката на Привремената управа на општина Косовска Каменица, Тања Акшиќ.
Од него нема трага од вчера кога околу 15 часот отишол на фризер. Бидејќи не се вратил дома, семејството почнало да го бара, а телефонот последен пат му бил достапен околу 23 часот.
Неговиот автомобил најпрво е пронајден во соседното село. Потоа било пронајдено неговото безживотно тело, пишува Косово онлајн.
„Штотуку ме информираа дека е пронајдено безживотното тело на Ивица Јовановиќ, кој исчезна вчера околу 15 часот. Денеска по 24 часа во потрагата се вклучи и косовската полиција, а неговото тело е пронајдено на 300 метри од местото каде што е пронајден неговиот автомобил“, изјави Акшиќ и додаде дека не знае повеќе детали.
Ивица Јовановиќ е роден 1969 година и бил почитуван граѓанин на Косовска Каменица и долгогодишен професор во средното медицинско училиште во Ропотово.