Апасиев најави изборна „војна“ за Мицкоски и Ковачевски: Еве, да ги усреќам – се кандидирам во кецот
Од
Објавено на
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, најави кандидатура за пратеник на престојните парламентарни избори идната година. Тој ќе биде носител на листа, а во борбата за власт ќе ја бие со преседателите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и СДСМ, Димитар Ковачевски.
„Таче и Мицко ќе се кандидирале у кецот. Еве, да ги усреќам. И ја ќе се кандидирам у кецот“, напиша Апасиев.
Изборите ќе бидат распишани во јануари, а ќе се одржат 8 мај.