Скопје

(Галерија) За го слушаат Бајага ги парализираат жителите: блокирани возила во Аеродром, пајак службата ги праќа граѓаните да се јават во полиција

Секогаш кога има настан во спортската сала Јане Сандански во Аеродром, луѓето кои живеат во околните згради не можат да ги користат своите возила затоа што посетителите паркираат каде ќе стигнат. Денеска настапува Бајага, а посетителите ги парализираа жителите.

Автомобили има и на просторот каде што треба да се вози. Па така, блокирани се излезите од паркинзите.

Нервозата кај жителите кулминира со викање на пајак служба. Оттаму, ги препраќаат во полиција оти им завршува работното време. Тие посочуваат дека и да имаат итен случај, нема да можат да излезат со возилата.

На почеток