Свет

Џо Бајден изјави дека не побарал примирје од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Бајден: Не барав од Нетанјаху прекин на огнот

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека не побарал примирје од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во денешниот долг разговор меѓу двајцата лидери.

„Денес имав долг разговор со Нетанјаху и тоа беше приватен разговор“, рече Бајден на новинарите во Вашингтон, па додаде: „Јас не барав прекин на огнот“.

Белата куќа претходно објави дека американскиот претседател, Џо Бајден, во саботата разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ситуацијата во Израел и Газа.

На почеток