Свет

Вучиќ и порача на опозицијата да не се мачи со гладување: Ништо нема да постигнат, како што не постигна Томислав Николиќ

Ситуацијата во Косово е многу комплицирана, рече Вучиќ пред Самитот на Европската политичка заедница

Коментирајќи го штрајкот со глад на опозицијата, српскиот претседател, Александар Вучиќ рече дека „слободно можат да престанат и да се вратат на своите должности – можат да организираат протести секој ден“.

Тој посочи дека штрајкуваат со глад и приврзаниците на власта, „борејќи се против изборните кражби од оние од опозицијата, но никој не сакал да објави“.

Вучиќ им укажа на случајот кога Томислав Николиќ штрајкуваше со глад во 2011 година, изјавувајќи дека „не постигнал ништо со тоа, само си го загрозил здравјето“.

„Убаво нека се вратат на обврските. Тие можат да организираат протести секој ден. Секојдневно имаме протести пред Претседателството“, рече Вучиќ.

Зборувајќи за изјавата на Драган Ѓилас дека „Ана Брнабиќ е комбинација од Сима Спасиќ, Воислав Шешељ и Јована Јеремиќ“, Вучиќ рече дека сите тројца се многу почесни од Драган Ѓилас.

„Мислам дека поважно и е на Брнабиќ што мислат граѓаните на Србија за неа. Јас за неа мислам се’ најдобро. Мислам дека израсна во голем борец“, рече Вучиќ и додаде дека се борела многу повеќе од потенцијалните кандидати за премиер.

На почеток