Свет

Нетанјаху: Не е вистина дека Америка не убеди да не ги шириме воените активности

Нетанјаху: Во моментов нема начин преостанатите заложници да се вратат дома

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли тврдењата дека САД го убедиле Израел да не ги проширува своите воени активности.

„Израел е суверена нација. Нашите воени одлуки се засноваат на нашите сопствени пресметки“ рече Нетанјаху, пренесе Ројтерс.

Американскиот претседател, Џо Бајден разговараше со Нетанјаху во саботата, објави Белата куќа.

Според канцеларијата на Нетанјаху, израелскиот премиер изразил благодарност до САД за нивната позиција во Советот за безбедност на ОН.

На почеток