Партијата на косовскиот премиер Албин Курти ќе учествувала на изборите во Македонија
Косовската партија Самоопределување на косовскиот премиер, Албин Курти, најави дека ќе биде дел од албанската опозиција на изборите во Македонија. Европскиот Сојуз за Промена ја отвори заедничката канцеларија на коалицијата. На отварањето учествуваа претседателите на трите партии: Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење, каде им се приклучи Движењето Самоопределување од Косово, со нејзиниот претставник Беким Ќоку, кој му е советник на Курти.
„Ме радува фактот дека на овој убав сончев ден, во нашиот опозициски фронт се приклучи и Движењето Самоопределување, и дека после промената во Косово и во Прешевска долина, заедно ќе ја носиме долгоочекуваната промене и кај Албанците во Северна Македонија“, рече Изет Меџити.
Билал Касами изјави: „Нашата Влада ќе биде поинаку, како што сме денес во оваа канцеларија во доста фреквентно место, меѓу вас, вака заедно со вас ќе го правиме и владеењето, одејќи кај граѓаните за да сме поблиску до нив и да ги решиме нивните грижи и потреби“.
Африм Гаши додаде: „Добродојдовте на отварањето на оваа канцеларија во срцето на Чаршијата, секоја темна ноќ има и зора, секоја студена зима ја очекува пролетта, и тука кај нас на 8 Мај и дефинитивно ќе доаѓа албанската пролет и сите заедно во оваа канцеларија ќе ја прославиме големата победа“
Беким Ќоку, советник на Премиерот Албин Курти меѓу другото кажа: „Движењето Самоопределување станува четвртиот столб на овој опозициски фронт за да ја донесе долгоочекуваната промена во Северна Македонија. Тука денес се обраќам и како поранешен член на Алијансата за Албанците, знаејќи го духот и менталитетот на оваа партија, ги повикувам да бидат дел од оваа победничка коалиција за заеднички да ја направиме големата промена.“
Инаку, оваа канцеларија ќе биде отворена за сите граѓани и ќе служи како центар за организација на активности на Европскиот Сојуз за Промена.