Македонија

По обелоденувањето на низа партиски вработувања – паднаа првите оставки, опозиијата пак вели има нови случаи на непотизам

Мајката на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов се повлекува од работното место во Централниот регистар во Струмица. Фанија Костадинова, си поднесе отказ од работното место.

Оставката доаѓа по најавата на премиерот Заев дека дел од роднините на функционерите ќе се повлечат од своите работни места. Дали ќе има и други оставки, се уште не се знае.

Последен пример на непотизам кој беше обелоденет во јавноста се вработувањата на снаата, синот и братот на пратеничката на СДСМ од Радовиш Милева Ѓоргиева.

И Министерот задолжен за јавната администрација денеска потврди дека роднините на функционерите во власта ќе си заминат од новите работни места откако пред една недела јавно праша, каде да се вработат луѓето од СДСМ ако не во државните институции.

И додека се чека роднините на луѓето од власта да дадат отказ на новите работни места, опозицијата обвинува за серија нови случаи на непотизам.

На почеток