Свет

(Видео) Драматично во Белград: Полицијата со солзавец кон опозицијата и граѓаните

Фото Нова.рс

Расте тензијата во Белград. Претставници на опозицијата и граѓани еден час се пред градското собрание на Белград. Не се откажуваат и покрај големото полициско обезбедување да влезат во Собранието за, како што велат, да ја одбранат демократијата волјата на народот: Власта, велат, ги украде изборите.

Полицијата која го блокира влезот не дозволува народот да влезе внатре, а фрла и солзавец врз насобраните граѓани.

Како што објави nova.rs ред градското собрание беа запалени факели, додека лидерите на опозицијата се уште се обидуваат да влезат внатре.

Во вонредно обраќање вечерва, претседателот Александар Вучиќ за протестот на опозицијата рече дека nасобраните 2.490 луѓе, покажаа дека насилството е политичка порака.

На почеток