Коментари

Заврстување на ДУИ е учеството на партијата на Курти на изборите во Македонија, Ахмети платил на Меџити за ова, смета Најчевска

Професорката по право, Мирјана Најчевска, учеството на партијата на косовскиот премиер Албин Курти на изборите во Скопје, ја смета за заврстување на владеењето на ДУИ. Според неа, Ахмети му платил на Изет Меџити за да го повторат успехот на ДУИ за наредните избори.

„Оваков потег можам да разберам единствено како начин на зацврстување на владеењето на ДУИ. Очигледно Али Ахмети му платил на Меџити соодветна сума и ова го смислиле како најдобар начин да го заштитат повторниот успех на Али Ахмети на наредните избори. Второ нешто што ми паѓа на памет е дека Меџити е доволно паметен за да знае колку е глуп и не може да понуди ништо нормално во изборната трка, па создава простор за сопствено апсење и градење на имиџ на жртва на национализмот. Трето, Меџити е само глуп и е обична марионета во рацете на Курти кој ги губи позициите на Косово и си бара прибежиште во некоја друга држава“, напиша Најчевска.

Косовската партија Самоопределување на косовскиот премиер, Албин Курти, најави дека ќе биде дел од албанската опозиција на изборите во Македонија. Европскиот Сојуз за Промена ја отвори заедничката канцеларија на коалицијата. На отварањето учествуваа претседателите на трите партии: Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење, каде им се приклучи Движењето Самоопределување од Косово, со нејзиниот претставник Беким Ќоку, кој му е советник на Курти.

Партијата на косовскиот премиер Албин Курти ќе учествувала на изборите во Македонија

На почеток