Брутален израелски напад на бегалскиот камп во Газа: Најмалку 70 жртви, се стравува дека има повеќе жртви

Од
Објавено на

Најмалку 70 лица загинаа во израелски напад врз бегалскиот камп Магази источно од Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа, соопштија палестинските здравствени власти.
Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал-Кидра, рече дека бројот на загинати најверојатно ќе се зголеми, пренесе АП.
Американската агенција додава дека бројот на израелски војници кои загинаа во борбите во Појасот Газа за време на викендот е зголемен на 15.
