Свет

Поранешниот комесар во Србија: Брутално и бесмислено тепање луѓе не е законска акција на полицијата, туку терор

Брутално, бесмислено тепање луѓе не е законска постапка на полицијата, туку чисто насилство, терор, изјави Родољуб Шабиќ, поранешниот комесар за информации од јавно значење и заштита на личните податоци, по повод видеата на кои се гледа како полицијата тепа демонстранти. .

@Порано или подоцна за тоа мора да одговараат и налогодавачите и извршителите“, nнапишал Сабиќ на социјалната мрежа Х, пренесува N1.

Тој го наведе членот 32 од Законот за полиција, кој вели дека „дозволено е да се применуваат само мерки и средства со кои се постигнува резултат без или со што помалку штетни последици за лицето против кое се преземени“.

На почеток