Свет

Над 30 уапсени лица на протестот во Белград каде имаше обид за упад во Градското собрание

Повеќе од 30 демонстранти беа уапсени во полициска акција во центарот на Белград, по инцидентите на седмиот протест на кој се бараше поништување на изборите во Србија.

Десетици полицајци и жандармеријата ги истуркаа демонстрантите од центарот на Белград доцна вечерта на 24 декември и се распоредија околу институциите.

Конфликтот меѓу полицијата и дел од демонстрантите започна пред собранието во Белград кога собраните се обидоа да извршат упад во Градското Собрание и ја скршија влезната врата, а полицијата употреби солзавец.

На почеток