Свет

(Видео) Пукање во Колорадо во трговски центар, има мртви

(Видео) Пукање во Колорадо во трговски центар, има мртви

Еден човек е смртно застрелан, а тројца други се со повреди од огнено оружје за време на тепачка што избила меѓу две групи луѓе во трговскиот центар Цитадел во американскиот град Колорадо Спрингс на Бадник, соопшти локалната полиција.

Еден човек починал на лице место од прострелна рана, а други двајца се пренесени во болници во тешка состојба, пренесува АП.

Меѓу повредените во престрелката е и една жена, која исто така со полесни повреди е пренесена во болница.

Полицијата соопшти дека привела „неколку лица“ и дека „работат на утврдување на нивната вмешаност“.

Полицијата ги повика сите што имаат информации за инцидентот да контактираат со нив.

На почеток