(Видео) Две лица повредени во тешката несреќа во Аеродром, се судриле три возила
Две лица се повредени во вчерашната сообраќајка кај крстот во Аеродром. Од МВР за „Скопје1“ посочуваат дека двете лица биле во болница, но нема карактер на повреди.
View this post on Instagram
„Ве информираме дека на 24.12.2023 година во 19.50 часот било пријавено дека на крстосницата од бул. „Србија“, бул. „3-та Македонска Бригада“ и „12-та Македонска Бригада“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу три патнички моторни возила, сите со скопски регистарски ознаки, „опел корса“ управувано од С.Ј.(30) од Скопје, „фолксваген“ управуван од Д.С.(61) од Скопје и „опел вектра“ управувано од А.А.(21) од Скопје. Во несреќата со повреди се здобиле С.Ј. и Д.С., констатирани во Градска болница „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.