Македонија

Палевски и во екстрадиционен е претседател на „Десна“, најавените замрзувања на функциите не се реализираа

Првоосомничниот Љупчо Палевски-Палчо и натаму е претседател на партијата „Десна“, чиј основач е тој. Поминаа 25 дена откако партијата „Десна“ се огласи во медиумите и најави замрзнување на функциите за сите осомничени за убиството на Вања Ѓорчевска. Оттогаш, од нив има само молк, а во јавноста дискусија зошто политичкиот субјект е и натаму активен. Палевски и во екстрадиционен притвор е прв човек на партијата.

Палевски на чело на оваа партија доаѓа од нејзиното основање на 5 јануари 2023 година. Историјатот на промени, покажува дека тој и извесен Љупчо Јовановски се потписници, а ова не е променето во Централниот регистар ниту по убиствата.

„Десна“ најави, но не реализираше замрзнувањето на функциите.

„Заради тоа, ние членовите на партијата, им стоиме на располагање на органите на прогонот, со цел на расветлување на кривично правниот настан и изведување пред Судот на сторителите на овие грозоморни случаи. П П Десна, согласно Статутот на партијата, ќе ги замрзне членството, функциите и активностите на обвинетите до крајот на процесот“, напишаа од партијата „Десна“ на 5 декември.

Затворање на партијата може да побара Обвинителството. Досега, тоа не е направено. По вакво барање постапува судот кој ја носи конечната одлука, дали „Десна“ ќе остане политички субјект во Македонија.

На почеток