Тепачката за местото во ДИК ќе заврши без да се избере кандидат, а може да се повлече и ВМРО-ДПМНЕ, најави Мицкоски
Местото во ДИК за која се кара албанската опозиција, ќе остане празно. Ова е ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, искажан на денешниот брифинг со новинари. Според него, за ова има стратегија. Не е исклучена можноста и ВМРО-ДПМНЕ да остане без свои претставници во ДИК. Сепак, конечната одлука не им е донесена. Мицкоски јасно посочи: „Размислуваме и да се повлечеме, очигледно сакаат изборниот процес да го почнат со бројни недостатоци“.
„Ќе функционира со четворица. Единствено нешто што нѐ колеба е што ДИК мора да спроведе надградба на системот за земање на отпечаток од прст. За првиот круг од претседателски не е важно, ама за вториот е важно. Мора да има набавка, мора да се обезбеди, бидејќи ако не се обезбеди ќе има целосно нефункционален систем платен 10 милиони евра. Во поширок контекст, ова нѐ колеба за да преземеме било каков чекор“, кажа Мицкоски на брифингот.
Потоа се дообјасни дека на еден терминал треба да се остави отисок при гласање. Па така, ако вториот круг на претседателски избори се поклопува со парламентарните – ќе треба да се најде решение како ќе се остава отисокот. Ова, бидејќи ако некој сака да гласа само за претседателски, а не и за парламентарни, ќе треба со отисок да се нотира дека земал само едно ливче.
„Терминалот ќе се наполни според список од МВР. Тоа е настрана од надградбата на софтверот. Софтверот во вториот круг треба на некој од избирачите да гласа само за еден изборен циклус. Можеби јас само сакам да гласам за парламентарни, а не претседателски. Тоа се работи кои мораме софтверски да ги интервенираме. Не е наивна работата. Полнењето на терминалите, тоа е процедура која си ја прави МВР“, додаде Мицковски.