Свет

Министерот за надворешни работи на Украина: Европа не знае да води војни

Кулеба: Европа не знае да води војни

Западна Европа не произведува доволно оружје и муниција за да го снабди ниту Киев, ниту себе, рече украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба.

Во интервју за „Киев Индипендент“, тој изрази надеж дека Украина на крајот ќе добие повеќе пари, оружје, муниција и опрема од САД и нивните сојузници, но беше скептичен за нивната способност да го прошират своето воено производство.

„Европа не знае да води војни. Производството на оружје не е најпопуларното поле на бизнис“, изјави тој за агенцијата. „За жал, нашите пријатели поминаа премногу време размислувајќи како и кога да го зголемат производството на оружје и муниција.

Тој го критикуваше Западот за „протекционизам“, за кој рече дека го кочи военото производство.

„Решението е да се создаде одредено ниво на координација на сите одбранбени индустрии на ЕУ, САД и истомислениците. Да работиме како еден цел систем“, рече тој, но призна дека е тешко поради интелектуална сопственост и безбедносни причини.

На почеток