Свет

Црвен картон за власта и ,,УА” зa Вучиќ, граѓаните бараат нови избори

Фото: Нова.рс

Повеќе од 10.000 луѓе денеска учествуваа на протестот организиран од иницијативата „ПроГлас“ се одржа денеска во Белград.
Според „ПроГлас“, повод за протестот е промената на изборната волја на граѓаните и кражбата на изборите.Учествувсше и потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ, која 13 дена штрајкува, а нејзиното доаѓање беше поздравено со громогласен аплауз од граѓаните.

Таа на сцената се качи со помош на колегите Мирослав Алексиќ и Радомир Лазовиќ.
Овие избори мора да бидат поништени“, порача Тепиќ.

Поради изневерената изборна волја на граѓаните, бараме во рок од шест месеци да се одржат нови парламентарни и локални избори во Србија, откако ќе се направи темелна промена на изборните услови“, соопшти „ПроГлас“, симболично покажувајќи црвени картони за власта. Протестот заврши со големо ,,УА” за Александар Вучиќ.

На почеток