Македонија

Местото на Артан Груби во Владата не е многу значајно за Ковачевски: Тоа е само едно вицепремиерско место

Местото на Артан Груби во Владата, за премиерот Димитар Ковачевски не е значајно. Тој не сакаше ниту да дискутира за тоа кој ќе биде прв вицепремиер во техничката Влада.

„Не го сметам тоа место за толку многу значајно за да биде толку експонирано. Тоа е само еден од вицепремиерите“, рече Ковачевски.

Сите детали за техничката Влада ќе се знаат, но во новата година.

„Средбата ќе биде идната година, пред или по празниците. Она што го видовме сите, дека по 31. и ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава и ќе одлучат за претставници во техничката Влада. СДСМ тоа го направи. Имаме завршено комплетно сите процедури. За Владата, ќе течат разговори во коалицијата. Сите детали ќе се знаат до 25. јануари“, додаде Ковачевски.

На почеток