Свет

Австралија го менува законот за имиграција

Владата на Австралија објави предлог за менување на имиграциската политика, со кој новите мигранти ќе бидат принудени да живеат надвор од Сиднеј и Мелбурн.

Ваквата политика има за цел да ја намали пренаселеноста во двата најголеми градови во Австралија, истовремено поттикнувајќи ги регионалните области, во вторникот рече министерот за население, Алан Туџ.

Според Би-би-си, владата би можела да воведе услови за виза со кои би се одредило каде некои мигранти можат да живеат не повеќе од пет години.

Сепак, некои експерти не се согласуваат дека идејата може да се спроведе и дека истата ќе ги постигне своите цели. Во моментов, околу 40 проценти од целокупното население на Австралија живее во Мелбурн и Сиднеј.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток