(Видео) Граѓаните во БиХ излегоа на улиците по силниот земјотрес

Од
Објавено на

Фото: klix.ba
Бројни граѓани на Зеница вечерва излегоа на улиците по силниот земјотрес што беше регистриран на десет километри северозападно од овој град во Босна и Херцеговина.
Засега нема информации за поголеми материјални штети на објекти, но граѓаните беа многу вознемирени.
Како што кажуваат во разговорот за „Јутарни“ новинари од порталот Klix.ba – Сараево, тлото се тресело добри 5 секунди. Засега нема информации за материјална или друга штета, освен одрон на патот, за кој не се знае дали е предизвикан од земјотресот.
Земјотресот беше со јачина од 4,9 степени.
