Македонија

Фотографија од заплената кај Дрин Ахмети: најдени 749 пиротехнички средства – ги носел во гепек и задни седишта

Запленети 749 пиротехнички средства од Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети и тазе сопственик на „Соравија“. „Скопје1“ дознава дека при претресот, пиротехничките средства биле на задните седишта, како и во гепекот на возилото.

„Денеска (30.12.2023) во 19.50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од с.Зајас-Кичево и при преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства“, велат од МВР.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

„Скопје1“ објави дека Дрин Ахмети беше уапсен, а споделивме и снимка од него, како и претресот во неговиот автомобил. Побаравме и одговори, зошто со него носел голема количина на пиротехнички средства, но нема одговор.

(Видео) Уапсен е Дрин, внукот на Али Ахмети и тазе газда на „Соравија“

На почеток